Лани живородени 23.138 деца, бројот намален за 1,8 отсто

Од:

Во текот на минатата година во Република Македонија вкупно се родени 23.334 деца, од кои живородени се 23.138, а 196 мртвородени деца, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на живородените деца во 2013, во споредба со минатата година, е намален за 430 или за 1,8 отсто. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 52.3 отсто, односно, на 100 живородени женски деца 109.5 се машки.

Најмногу живородени деца се од мајки на возраст од 25 до 29 години односно 35,5 отсто, па следуваат мајки од возраст на 30-34 со 26 отсто, па мајките од 20-24 со 22,2 отсто… Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28,4 години, а 26,6 години на првите раѓања, односно благ пораст во однос на минатата година. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1985 година.

Во 2013 година се регистрирани 25 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.625 деца, или 11,3 отсто. 

Би можело да ве интересира

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски