Собирањето на комуналниот отпад во 2014 година е зголемено за 2,7 отсто во однос на претходната година.
Државниот завод за статистика информира дека лани во Македонија се собрани 569.794 тони комунален отпад.
– Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 153.433 тони или 26,9 проценти од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од него 479.787 тони или 84 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 16 проценти од правни и физички лица, покажуваат податоците на ДЗС.
Најголемо количество од собраниот е измешан комунален отпад, 487.711 тони или 86 проценти, а најмалку гума, 336 тони или 0.06 отсто од вкупното количество собран комунален отпад.
Во 2014 година создадени се 765.156 тони комунален отпад или 370 килограми по жител, што е за 3.6 проценти помалку од 2013 година.
Најголемото количество на собран комунален отпад или 99.4 проценти се отстранува на депонија.