Во 2015 година биле произведени 361.072.000 литри кравјо млеко или 6,7 отсто помалку во однос на 2014-та.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, зголемување на производството е забележано кај овчото млеко за 14,3 отсто и кај козјото за 14,6 проценти.
Вкупното производство на месо, пак, е намалено за 3,3 отсто, но производството на свинско месо е зголемено за 9,5 во однос на претходната година.
Од другите добиточни производи, во 2015-та во однос на 2014 година, е забележано зголемено производство на волна, а намалено е производството на јајца.