Лани нови 866 дивоградби во државава

Од:

На територијата на државава минатата година се регистрирани 866 бесправно изградени објекти, од кои 160 за домување, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика.

Анализата на статистиката според видот на објектот, покажува дека нелегачлно се изградени и 94 доградби, надградби и адаптации, 55 деловни објекти, 64 гаражи, 196 огради, 14 скалила, 27 тераси, 46 летни тераси, 92 настрешници, 14 времени објекти и 104 помошни објекти.

Најголем број бесправно изградени објекти, 852, (98,4 проценти) се во приватна сопственост, додека има и 10 дивоградби во државна сопственост.

Во главниот град се регистрирани 153 дивоградби од различен вид, најмногу во Чаир, 45, по што следи Ѓорче Петров со 39, Бутел со 37, Кисела Вода 22, Шуто Оризари 10. Во останатите општини низ државата, во Кавадарци се регистрирани 85 дивоградби, Струмица 73, Штип 64, Охрид 59, Куманово 53, Струга 46, ..

Од дивоградбите со намена објекти за домување во Скопје се регистрирани 27, од кои 18 во Бутел, додека во Куманово и во Струга има по 13 такви објекти, девет во Струмица, осум во Охрид, шест во Штип…. Скопје е рекордер и по број на нелегални тераси, 46, при што 40 од нив се на територијата на Шуто Оризари.

Во декември лани Владата усвои Предлог закон за легализација и тој влезе во собраниска процедура, но не беше изгласан, откако беше распуштено Собранието за планираните предвремени парламентарни избори за 12 април, а што подоцна беа одложени по кризата со КОВИД-19. Со законот се предвидуваше нов рок за легализација на дивоградби за периодот од март 2011 до октомври минатата година, односно дивоградбите што не беа опфатени со актуелниот закон. Исклучок од можноста за легализација беа дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси, како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион. За легализација требаше да се платат комуналиите плус казна од 50 проценти од износот за комуналии.

Со актуелниот Закон за легализација можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, а во роковите што се продолжуваа во два наврати беа поднесени 430 илјади барања за легализација. Беа легализирани околу 250 илјади дивоградби, а околу 100 илјади беа во процедура.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Јовановска: ДПМНЕ избега од расправа за дивоградбите – Левица поддржува расправа за дивоградбите во сите општини

Предраг Петровиќ

Обвинителството отвори истрага за шесткатницата дивоградба во Чаир

Катерина Ѓуровски