Градежните фирми минатата година извршиле работи во вредност од 24.909.016.000 денари. Од нив, 8.672.866.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост.
Според податоците на Државниот завод за статистика, деловните субјекти лани граделе вкупно 1.734 објекти, а завршиле 1.772 стана со вкупна површина од 122.332 метри квадратни, од кои 1.446 се во индивидуална сопственост.
Просечната корисна површина на завршените станови е 69 метри квадратни.
По региони, најмногу се градело во скопскиот регион, по што следат вардарскиот и пелагонискиот регион.
Во индивидуална режија, пак, лани се извршени градежни работи во вредност од 9.904.920.000 денари. Изградени се вкупно 2.105 објекти и завршени се 3.584 станови со вкупна површина од 355.811 метри квадратни од коишто 137 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 11.136 метри квадратни.
Просечната корисна површина на завршените станови е 99,3 метри квадратни.
Најмногу се градело во Полошкиот регион, по кој следат Скопскиот, Југозападниот.