Ламбе Алабаковски: Народе мој Ви благодарам за Вашата поткрепа

Од:

Пејачот Ламбе Алабаковски на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката која му ја дадоа граѓаните.

-Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, напиша Алабаковски.

34-годишниот пејач е осомничен за подметнување на пожарот во културниот центар Ванчо Михајлов во Битола.

Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а во Битола се одржа протест под мотото „Слобода за Ламбе“.

Според информациите кои беа објавени во медиумите, Алабаковски во полицијата го признал делото коментирајќи дека го сторил од патриотски причини.

По приведувањето му беше одреден притвор со образложение дека постои можност за бeгство оти пејачот поседува двојно државјанство, македонско и американско, по што беше префрлен во куќен притвор.

Пред четири дена неговиот адвокат, Дарко Стефановски, информираше дека на пејачот му е одземен пасошот како мерка на претпазливост и нема продолжување на притворот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ламбе Алабаковски го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Автокоманда го пречека Ламбе Алабакоски на плоштадот

А1он

Мицкоски: Барам слобода за Ламбе, а власта да ги увиди своите грешки, за ова да не стане масовна појава бидејќи народот е револтиран

А1он

Предложен притвор за Ламбе Алабаковски

А1он

Се бара Нобелова награда за Ламбе, револтот од бугарското вето ја оправда пироманијата

Ана Ололовска

Уапсен Ламбе Алабаковски, го подметнал пожарот во бугарскиот центар во Битола

А1он