Лајчак: Македонија – единствена земја во која е полошо од пред 10 години

Од:

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, во Луксембург на советот на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој се усвоија заклучоците за Македонија, за медиумите ја опиша министерската дебата за Македонија.

– Дискусијата ги покажа ставовите на ЕУ членките. Некои целосно ја обвинуваа владата, некои велеа да им оставиме на Македонците сами да го решат проблемот. Словачка застапува поактивен пристап на ЕУ за да навлезе во процесот. Мора да се осигураме дека имаме објективна, непристрасна и независна истрага за случувањата во Куманово и за тајните снимки и да се осиугураме дека изборите се транспарентни и слбодни. Исто така, после 23 години стагнација во спорот за името, има потреба од нов пристап бидејќи ова прашање ја блокира Македонија на нејзиниот трансатлантски и европски интеграциски пат. ЕУ не може да претендира да биде невин набљудувач, Македонија е едиствената земја во регионот во која е полошо од пред 10 години, не можеме да се ослбодиме од нашата одговорност како ЕУ. Меѓутоа, наместо да покажуваме со прст и да обвинуваме, навистина треба да ги решиме проблемите. Го повикавме комесарот Хан да продолжи со својот ангажман со политичките партии – изјави Лајчак за медиумите.

Министрите за надворешни на работи на ЕУ попладнево ги усвоија заклучоците за Македонија во кои тие искажаа „длабока загриженост“, ја изразија својата поддршка за договорот од втори јуни како основа за конечен договор и побараа трајно решение да биде постигнато до крајот на овој месец. Министрите ќе се навратат на Македонија во наредните месеци.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза