Лајчак и Шпинделегер: Австрија и Словачка ја гледаат Македонија во ЕУ

Од:

Министрите за надворешни работи на Словачка и Австрија, Мирослав Лајчак и Михаил Шпинделегер денеска во Скопје ја упатија пораката дека местото на Македонија е во ЕУ.

Во заедничката изјава тие потенцираат дека Австрија и Словачка се силни поддржувачи на евроинтеграцискиот процес, како членки на шенген и на еврозоната. Го поддржуваат, се вели во изјавата, проширувањето на ЕУ и се убедени дека силна конкурентна и просперитетна ЕУ подобро ќе се справува со предизвиците во иднината.

„Свесни сме дека спорот за името е централно и високо чувствително, но билатерално прашање меѓу две земји. Убедени сме дека ова прашање веќе не треба да го блокира евроинтеграцискиот процес на Македонија. Веруваме дека е дојдено времето да се преземат неопходни чекори и да се тргне напред“, се вели во заедничката изјава на Лајчак и Шпинделегер.

Тие нагласуваат дека Македонија треба да биде горда со тоа што го постигна. Европската комисија во својот последен извештај и потсетуваат, дека ја повтори препораката за отворање на пристапните преговори со Македонија.

„На последниот Самит на НАТО во Чикаго не само што беше искажана почит за македонското учество во операциите на НАТО и активната улога во регионалната соработка, исто така беше потврдено дека местото на Македонија е меѓу сојузниците. Како и да е, светот и ЕУ еволуираат. Она што е доволно вчера и денеска, утре нема да биде доста, истакнуваат меѓу другото во изјавата и додаваат оти во наредните неколку години ЕУ ќе изгради и ќе функционира на поразличен начин од денес“.

Министрите за надворешни работи на Словачка и на Австрија упатиј и порака да се истрае во реформскиот процес.

Пријателските гласови од нации како што се Австрија и Словачка се значајни во вашите напори. Сакаме да го надградиме прогресот кој веќе е направен со цел да се направи дополнителен напредок на патот кон интеграција во ЕУ. Затоа, особено го поздравуваме пристапниот дијалог на високо ниво, како и чекорите преземени од Владата за прифаќање и имплементација на патоказот во консултација со Парламентот и цивилното општество. На дијалогот гледаме како на мост до пристапните преговори и шанса за нивно забрзување.

Меѓу петте клучни области кои се тема на дијалогот, го забележуваме македонскиот прогрес кон подобрување на условите за функционална пазарна економија и исполнување на останатите предизвици во контекст на создавање привлечна средина за странските инвеститори, појаснуваат Лајчак и Шпинделегер.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он