Лабудовиќ на осветувањето на „Свети Константин и Елена“: Центар ќе го почитува своето наследство и верските чувства на граѓаните

Од:

Кандидатот за Градоначалник на Општина Центар од редовите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, денеска присуствуваше на свеченото осветување на храмот „Св. Константин и Елена“ во Центар.

Настанот беше обединувачки момент за голем број граѓани и верници во заедничко одбележување на ова значајно културно и духовно обележје и претставува мотив и поттик Центар да биде општина што ќе негува традиција, ќе ги зачувува вредностите и ќе гради вистинско заедништво.

„Како иден градоначалник, јас ќе бидам гарант дека Центар ќе продолжи да го почитува своето наследство, култура и верските чувства на граѓаните. Нашата обврска е да градиме современа општина, но со почит кон корените и идентитетот кои не прават силни и обединети.“ – истакна Лабудовиќ.

Храмот “Св. Елена и Константин“ не е само ново светилиште, тој е место каде што се среќаваат верата, традицијата и заедништвото, симбол на сила, надеж и инспирација за сите граѓани на Центар.

Центар, рече Лабудовиќ, ќе биде општина што ќе ја негува традицијата, ќе го вреднува културното наследство и секогаш ќе ги почитува своите граѓани, затоа што само на тој начин може да се гради заедништво меѓу нив и стабилна и просперитетна иднина.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген