Лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ меѓународно оценета со максимален успех на надворешниот тест на компетентност за детекција на Ковид-19

Од:

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје (ИЗЈ) го помина со максимален успех надворешниот тест на компетентност за детекција на SARS-CoV-2, спроведен од Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).​

Како што соопшти Министерството за здравство, ова е исклучително значајно признание со кое се потврдуваат заложбите на здравствениот систем за справување со вирусот КОВИД-19.​

Министерот за здравство Венко Филипче, вчера ги посети вработените во Институтот и им честиташе за успехот.

– Неодамна, експертски тим од Светската здравствена организација ја прогласи лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје за национален инфлуенца центар и рамноправен член на глобалниот систем за надзор и одговор на грип. За таа цел, експертскиот тим спроведе мисија за проценка и верификација на капацитетите на лабораторијата. Сето ова е уште една потврда за квалитетот на резултатите кои произлегуваат од лабораторијата на Институтот за јавно здравје, заедно со конфирмацијата на резултатите од референтната лабораторија на СЗО за детекција на SARS-CoV-2 – Шарите од Берлин, Германија“, изјави министерот Филипче.

Инаку, како што информира Министерството, лабораторијата за​ вирусологија е опремена со високо софистицирана опрема и современи и валидизирани реагенси и тестови, а воедно е кадровски екипирана со искусен и добро обучен персонал.​

Оваа лабораторија​ е​ референтна лабораторија во земјата за детекција на вирусни заболувања, вклучувајќи​ грип, морбили и рубеола, арбовируси (западно нилска треска, усуту вирус, вирус на крлежен енцефалкит, ЗИКА, вирус на рифт валеј треска и др), како и вируси на хеморагични трески – хантавирус, кримско-конгоанска треска и други, се додава во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Драстично зголемување на бројот на заболени од грип

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска