ВИДЕО: Квалитетно и сеопфатно предучилишно образование во Карпош

Од:

Денеска, во најстарата градинка во Република Македонија, “Орце Николов”, во Карпош 3, се презентираше проектот за „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување”.

Станува збор за проект финансиран од Европската унија, а поддржан од фондацијата “Чекор по чекор”, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии.

Примарната цел на овој проект кој стартува токму од Карпош, е да обезбеди подобрување на квалитетот, обука и усовршување на персоналот во градинките, како и унапредување на комуникацијата со родители и други чинители.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека локалната самоуправа става значаен акцент на обезбедување квалитетна детска заштита. Предвидени се сериозни инфраструктурни зафати за зголемување на постојниот капацитет на градинките и изградба на нови објекти.

– Моментално, се гради целосно нова градинка во Бардовци, а се врши и доградба на објектот на градинката „Мајски Цвет” во Тафталиџе 2. И покрај големите финансиски проблеми, оваа година целосно ќе се реконструира и градинката “Мајски Цвет” во Тафталиџе 1, чиј објект е дотраен и стар со децении, рече Богоев.

Во мандатот на градоначалникот Богоев, Карпош ќе добие и целосно нова градинка во Влае 2, во дворот на ОУ “Димо Хаџи Димов”. За овој дел од Карпош постои вистинска потреба од нова градинка бидејќи родителите од Влае 2 се принудени своите деца да ги носат во градинките по другите урбани заедници.

На денешниот настан говореше и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Таа се осврна на приоритетите на Владата и Министерството, во поглед на креирање на подобро предучилишно образование.

– Инвестираме во човечките ресурси, односно во зголемување на кадарот во градинките. На почетокот бевме соочени со недостаток од воспитувачки/негователки и затоа овозможивме 475 вработувања на неопределено време. Заедно со сите чинители, работиме и на подобрување на програмите за предучилишно образование. Наша стратешка цел, во следните 4 години е да се зголеми вклученоста на децата во предучилишното образование за 50 %, посочи Царовска.

На сесијата за презентација на Проектот се обрати и претставничката од делегацијата на ЕУ, Sophie Beaumont, која напомена дека сите истражувања покажуваат дека децата кои посетуваат предучилишно образование имаат подобри резултати и поцврста основа при следното скалило во животот, почетокот на основното образование.
Од 1994 година, во Македонија активно работи и фондацијата “Чекор по чекор”, која има реализирано повеќе проекти во доменот на детската заштита.

Извршната директорка, Сузана Каранџиска посочи дека Фондацијата работи на креирање стимулативна средина во градинките, каде што децата ќе бидат правилно прифатени и едуцирани. Исто така, еден од приоритетите е и зголемена отвореност на градинките кон родителите.

Во претстојниот период, Општина Карпош продолжува да пружа правилна и квалитетна здравствена заштита. Меѓу новите проекти, се и филтрите за вода во градинките, при што ќе бидеме сигурни дека најмладите ќе пијат целосно исправна вода.

Општината оствари голема соработка и со приватниот сектор и различни организации, која обезбеди преку донацијата прочистувачи за воздух во речиси сите градинки.

Овој чин на општествена одговорност која ја покажаа компаниите е одлична основа за зголемување на соработката и во други сфери на живеење и работа во локалната заедница.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски