Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ е симбол на расипништво, во само четири општини над милион евра за партиски вработувања

Од:

Во време на најголема светска енергетска и економска криза, предизвикана од агресијата врз Украина, Владата предводена од СДСМ континуирани презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството. Антикризните мерки вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, стабилизирани се цените на храната и горивата, граѓаните финансиски се поддржани во време на криза рече на прес конфернеција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Од друга страна е расипништвото на ВМРО-ДППМНЕ. Градоначалниците од оваа партија не само што ништо не работат расипнички ги трошат парите на граѓаните. Само четири општини раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ годинава, во време на најголема криза ќе потрошат речиси еден милион евра за партиски вработувања. Наместо за конкретни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ аздисуваат со парите, ги трошат на непродуктивни расходи и за партиски вработувања. Во тоа предничи Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања. Тоа е истата Арсовска која немаше пари да им помогне на скопјани за парното.Потоа следи Бобан Стефковски кој за истата цел од буџетот на општина Гази Баба ќе потроши 200.000 евра народни пари. Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода за вдомување на партиски кадри и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потроши 100.000 а неговиот колега од Ѓорче Петров, Александар Стојковски за партиски вработувања ќе потроши над 25.000 евра вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ