Кузеска: Власта со сите можни инспекции врши притисок врз градоначалниците на СДСМ

Од:

Непосредно пред локалните избори, иституциите под контрола на власта на ДПМНЕ, координирано вршат притисок врз градоначалниците од СДСМ.
Сите можни инспекции, различни сектори под контрола на МВР, инспекторати и многу други институции буквално ги имаат окупирано општините водени од градоначалници на СДСМ, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Власта оди дури и до таму, да врши притисоци и врз членови на потесните семејства на градоначалниците, со незаконски прераспределби од работното место надвор од местата на живеење. Овој притисок е селективен и тенденциозен — насочен исклучиво кон општините каде што градоначалниците се од СДСМ, додека во општините под контрола на ДПМНЕ нема никакви контроли. Ова е класичен пример за злоупотреба на државните институции во партиски цели од страна на ДПМНЕ. Ќе ги искористиме сите механизми на располагање, и на домашен и на меѓународен план, за да го заштитиме интегритетот на нашите градоначалници и правото да работат без притисок и закани. Ги повикуваме сите надлежни тела, како и меѓународната заедница, да го следат внимателно овој процес и да застанат во одбрана на демократските стандарди во земјава, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме