Кузеска: Многу слаба понуда во техничката Влада, ДПМНЕ нема кадровски потенцијал

Од:

ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри. Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје а дел се кадри од времето на Груевски вели протпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје а потоа и разрешен. Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада. Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место се вработила во УЈП и нејзината сестра. Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ и доказ дека во оваа партија ништо не се менува. Заклучокот е едноставен: ДПМНЕ нема никаква програмска понуда а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби