Кузеска: Мицкоски подмолно ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово

Од:

Ако до сега некој се сомневаше, еве го Христијан Мицкоски на дело како се обидува на подмолен начин, без трошка совест, да ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово во политички цели, рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Еднакво подмолно е што Мицковски се става во улога на истражител, вештак, обвинител и судија и онака од ракав става на маса факти кои немаат допирна точка со реалноста. Сето ова Мицкоски не го прави затоа што е загрижен, затоа што му е жал за загубата на човечки животи, туку бескрупулозно се бори за гола власт. Ништо друго. Вакво ниско ниво на политичка култура, неприземно, некрофилско и деструктивно однесување не се памети. Мицкоски е трговец со човечки судбини. Без око да му трепне трампа загубени души за гласови. Мицкоски има морал, совест и образ еднаков на НУЛА’ – вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски