Кузеска: Мицкоски нема капацитет да ја промени партијата, а не пак државата

Од:

Без извинување и расчистување со мрачното минато, ВМРО-ДПМНЕ не може да се оправи ни самата, а не пак да нуди концепт за сите луѓе. За да нуди некаква промена Христијан Мицкоски прво мора да се промени себеси, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„За да нуди таканаречен концепт за сите луѓе, Мицковски треба прво да го напушти Белиот дворец, најлуксузното и најскапо партиско седиште во Европа. Да престане да брани лица осудени за тероризам, да почне искрено и со дела да ги почитува другите етнички заедници, и да се престрои на страната на граѓаните, наместо да биде на страната на криминалците“ – рече Кузеска.

Таа уште вели и дека Мицкоски мора да се огради и да се извини за криминалот со кој нивниот режим 11 години ја пустошеше државата и граѓаните и на крајот, барем еднаш да соопшти дали навистина е за ЕУ и НАТО или одработува други антизападни агенди.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски