Кузеска: И „Фридом хаус“ ги потврдува успешните политики на Владата предводена од СДСМ

Од:

Политиките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во поглед на унапредување на човековите права и слободи и демократскиот амбиент, во континуитет се препознавани од релевантни меѓународни организации. Последна потврда за тоа е Извештајот на „Фридом Хаус“ кој нотира дека Република Северна Македонија постигнала напредок во демократскиот резултат од 3,75 на 3,82, со подобрувања во областите на националното демократско управување и изборниот процес рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Во Извештајот е нотирано и дека „Владата на премиерот Зоран Заев ги поправа институционалните штети нанесени од десничарските претходници и дека се уште има шанси да донесе уште демократски придобивки“. Извештајот на „Фридом Хаус“ како и претходните извештаи на ГРЕКО и Стејт Департментот се силни меѓународни признанија за одговорното, транспарентното работење на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Зае“ – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!