Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина

Од:

ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина.Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се под притисок, а медиумскиот простор се стеснува. Денес тоа повторно се случува, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– „Репортери без граници“ алармираат дека новинарите се изложени на закани и напади, а владините функционери покажуваат понижувачки ставови кон медиумските работници. Наместо да ги унапредува демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ ги враќа добро познатите методи на контрола, притисоци и страв. Ова е јасен аларм за загрижувачката насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ. Ја повикуваме јавноста, граѓанските организации и меѓународната заедница на будност, ова се загрижувачки тенденции. Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и не смее да биде жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ, рече Кузеска на прес конференција посветена на најновата листа за слобода на медиумите што ја објави „Репортери без граници“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски