Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Од:

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со измислени шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност. Случајот со АНБ која сакаа да го претстават како афера очигледно со месеци го спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им пукна како бомба во раката, рече портпаролката на сдсд Богданка Кузеска.

– Не чекајте ништо, не одолговлекувајте, не бегајте. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој. Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат. Дали е точно дека оперативната обработка која ја воделе АР и АНБ, а која власта упорно одбива да ја декласифицира, се однесува на откривање руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизација на државата? Дали е точно дека Мицкоски, иако не бил цел на следење, влетал во комуникација со лица кои работат на дестабилизација на Македонија, финансирани со странски пари? И најважното: дали дел од тие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?