Курто Дудуш: Мислам дека Дурловски им посочуваше на луѓето каде да одат во Собранието

Од:

Денеска за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година сведочеше градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш. Тој беше пратеник за време на упадот во Собранието.

Тој кажа дека за време на прес-конференцијата бил во галеријата на прес центарот. Кога толпата влегла, сакал да излезе од галеријата.

„При симнување по скалите во ходникот го видов лицето Игор Дурловски, не сум сигурен, но мислам дека тој им посочуваше на луѓето каде да одат. Не сум сигурен, но мислам дека испрати луѓе и кај мене велејќи им: ‘И овој е еден од нив’. Тргнаа кон мене тројца повозрасни, среќа бев погоре на скалите, успеав да ги оттурнам кога пробаа да ме нападнат“, рече Курто Дудуш.

Тој рече дека мислел дека никој нема жив да излезе од Собранието

Денеска треба да сведочат и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, кој тогаш беше обезбедување на Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Продолжи судењето против Бојковски кој призна три од четирите убиства за кои е осомничен од обвинителството, доказната постапка завршена

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет