Курти најави заеднички седници со владите на Северна Македонија и Црна Гора

Од:

Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти се заложи за проширување на соработката со соседните земји и ја најави можноста за одржување заеднички седници со владите на Северна Македонија и Црна Гора, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објавата на својата страница на Фејсбук, Курти, кој учествува на Самитот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, порача дека е подготвен да соработува на проекти од заеднички интерес со владите во Скопје и Подгорица.

– Со Република Албанија имаме 77 постигнати договори – ќе додадеме нова енергија и динамика за нивната имплементација. Како Влада на Косово ќе соработуваме со владите на Црна Гора и Северна Македонија во проекти од заеднички интерес, при што сметаме и на заеднички владини седници со нив, напиша Курти.

Новиот косовски премиер потсети дека вчера се навршиле три недели од изгласувањето на неговиот Кабинет и изрази задоволство што на самитот на ЕБОР имал можност да говори за приоритетите на Владата која ја води, како и за односите со Србија и реципроцитетот кој има намера да го воведе во однос на таа соседна држава.

– Драго ми е што на овој ден имав можност да говорам за значењето на инвестициите за економијата, претприемништвото на нашите млади посебно во информативната технологија, инфраструктурата што поврзува и овозможува развој, односите со Србија и принципот на реципроцитет итн. Вработувањето, од една, и европските интеграции и зачленувањето во НАТО, од друга страна, се нашите приоритети како нова Влада на Косово, истакна Курти.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски