Курц на отворањето на конференцијата во Будва и честита на Македонија за одлуката за имплементација на Преспанскиот договор

Од:

И честитам на Македонија за историската одлука да продолжи со имплементација на Преспанскиот договор, со што прати сигнал на охрабрување не само за Македонија, туку и за целиот регион, рече денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц кој заедно со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја отвори конференцијата „Балканот и ЕУ – Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва.

На конференцијата присуствува македонска владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а во неа е и министерот за економија Крешник Бектеши.

Анѓушев, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе учествува на панелот „Економска и европска перспектива на Балканот“ и ќе дебатира со други високи политички претставници од земјите во регионот. Бектеши, пак, утре, ќе учествува на панелот „Регионална соработка како сегмент на европските интеграции: економијата-генератор на севкупниот развој“, заедно со другите економски министри од регионот.

Канцеларот Курц во својот говор на отворањето се осврна на различните аспекти кои влијаат на поголемата економска и безбедносна стабилност во регионот. Нагласи дека регионот денес храбро чекори напред со реформските процеси и станува кредибилен фактор за цела ЕУ.

Во рамки на Конференцијата, членовите на владината делегација ќе остварат и билатерални средби со политички и бизнис лидери од регионот.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески