(ВИДЕО) Куновска: Груевски дневно снима забавна програма на несреќата на луѓето

Од:

Софија Куновска од СДСМ од говорницата во Собранието му се обрати директно на вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, посочувајќи дека оваа земја страда од тоа што оние за што се платени не го работат тоа.

– Дали имате претстава во колкава нова опасност ги внесувате граѓаните, со тоа што ги повикувате граѓаните да волонтираат без да бидат обучени и ги изложувате на опасностите од епидемии? Не кажавте дека три дена не можеа граѓаните да ги подигнат телата на починатите од Бутел. Ќе побарате ли одговорност од МТВ која до 2 по полноќ немаше информација што се случуваше во Скопско? Ќе кажете ли колкава е бројката на жртвите? Македонските институции се карикатури од институции. Ниту една институција не си ја знае работата Сите беа занемени дури Груевски не се врати од годишен одмор, рече Куновска.

Институциите, изјави, беа само за вработување на партиски кадри. Праша дали е нормално да затаи Управата за Хидрметеоролошки работи.

– Полицијата и војската затаија. Груевски издава наредби, но во кое својство? Како може тој да дава задачи да се одржи седница на Влада. Време е за одговроност, и тоа политичка и кривична Фактурата за секоја бесправна градба, лоповлук, партизираност, исечени дрвја, ја плаќаме со животи. Сета помош да биде јавно достапен документ за да нема сомнежи за злоупотреби. Во колку часот беше затворена обиколницата? Евакуацијата на жените и децата беше дури вчера, рече Куновска.

Реплицираше Тодоров, кој и забележа на Куновска дека прави маркетинг. Некорекно е рече, да се каже дека МВР спиело два дена. МВР и АРМ веднаш се вклучиле во остварување на нивните задачи.

Куновска пак, праша кога ја прекинале обиколницата за возила и истакна дека евакуацијата на најранливите категории на граѓаните се случува речиси една недела по поплавата.

Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ на терен оди како граѓанин, но дека првиот ден, освен вода, немало помош бидејќи не можела да биде доставена.

– Да се плашиме од господ, рече Рангелова.

Кого контролира госпоѓата Рангелова, дали ги контролира институциите како што ги контролирам јас и дали ќе запраша за аномалиите, рече Куновска.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодари на Ѓорге Иванов што одвоил дел од месечниот приход за граѓаните кои настрадаа од поплавите.

– Срамота е после сликата со Сандовал да го величате Ѓорге Иванов за неговиот однос кон поплавите. Тој беше на терен со џес музичарот Сандовал кој со пура го видовме во медиумите, реплицираше Софија Куновска.

Патетично е да повикувате на хуманост и солидарност овде во Собранието. Хуманоста и солидарноста на терен, овде одговорност, рече Куновска.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Забегана е најавата на власта за купување нов авион

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

СДСМ: Неспособното ДПМНЕ и раководството на ЕСМ го оставија половина Скопје без парно

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците