Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Од:

Омикрон-сојот кој се рашири од Јужна Африка сѐ уште  не е откриен кај нас. Доктор Горан Кунгуловски од лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во клиниката „Жан Митрев“ за „А1он“ потврди дека и заразените со овој нов сој може да се откријат со ПЦР-тестирање.

„Новиот сој на коронавирусот омикрон може да се дететктира со ПЦР-тест и одредени ПЦР-тестови, кои ние ги имаме, можат да укажат дека детектираниот резултат е омикрон или делта. Секако тоа се потврдува со секвенционирање“, вели Кунгуловски.

За омикрон-сојот засега извесно е само дека се шири неколкупати побрзо од другите соеви, но каква клиничка слика имаат заразените и каква смртност предизвикува сѐ уште  нема податоци.

„Засега немам доволно информации, никој во светот нема. Да почекаме две-три недели да се соберат податоци“, објаснува Кунгуловски.

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира омикрон-сојот како „многу висок“ глобален ризик.

„Омикрон има мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз развојот на пандемијата. Вкупниот глобален ризик поврзан со омикрон е исклучително висок“, наведе СЗО во извештајот за новиот сој.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека има многу несигурности за тоа колку може да биде пренослива и тешка инфекција со силно мутиран омикрон.

„Појавата на силно мутираната варијанта омикрон укажува колку е опасна и неизвесна нашата ситуација“, рече директорот Тедрос на почетокот на неделава и нагласи дека омикрон-сојот покажува зошто на светот му е потребен нов договор за пандемии.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција во Рига рече дека во следните две-три недели научниците ќе собираат информации за да добијат точна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петличковски: Во државата од пред неколку недели доминира стелт омикронот

А1он

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Детектиран „Stealth“ под-сојот на омикрон во Македонија

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Омикрон станува доминантен сој во државата според испитаните примероци од МЗ

А1он

Бројката на новозаболени петпати поголема од вчера, матичните велат цехот на прославите е испорачан

Маја Илиевска-Пачемска