Бројката на новозаболени петпати поголема од вчера, матичните велат цехот на прославите е испорачан

Од:

Огромниот скок на новозаболени денес со регистрирани 1.197 нови случаи матичните лекари го најавија уште вчера. Лекарот Ненад Лазаров на социјалните мрежи пиша дека цехот на прославите е испорачан и објави фотографии на кои се гледа дека од сите тестирани едвај двајца се покажале негативни на вирусот.

Вчерашната бројка од 242 нови случаи денес е зголемена за петпати, а меѓу новите случаи потврда дека се од сојот омикрон има за деветмина од испитани 24 примероци. Со новите деветмина, официјално во земјава има само десет случаи на заболени од сојот омикрон оти првиот случај беше потврден на 24 декември.

Бројката од 1197 случаи регистрирани за 24 часа е близу до највисоката бројка нови случаи забелеажани кај нас. Најмногу случаи во цела пандемија се регистрирани на 31 март, минатата година кога сме имале 1.511 новозаболени.

Последен пат бројката на нови случаи била над 1000 во август, но од почетокот на септември почна да се намалува.

Од Министерството за здравство известија дека во моментов има 299 лица на болничко лекување заразени со Ковид – 19. Оваа бројка веќе подолго време Министерството не ја соопштува заедно со бројот на новозаболени од коронавирус како изминатите месеци.

Во Министерството за здравство нема проекции за очекуван број на новозаболени во нов бран кој би го предизвикал сојот омикрон, но уверуваат дека се подготвени да пружат помош на сите што ќе им треба.

„Со оглед на тоа што вирусот Ковид-19 и сите подваријанти на истиот од самиот почеток на пандемијата имаат непредвидлив тек на ширење, во моментов не може да се даде конкретна прогноза и очекувања во однос на новиот сој омикрон. Сите капацитети се подготвени за евентуална појава на нов бран, и болничките капацитети, како и медицинскиот кадар. Со оглед на досегашните искуства и поставени методи од изминатите неколку епидемиолошки бранови, здравствениот систем е целосно подготвен да одговори на сите следни предизвици“, велат од Министерството за здравство.

Сојот омикрон, како што здравствените власти оценија, направи „цунами“ од нови случаи во Грција. И кај нив пред Нова година бројката петпати се зголеми па од 9.000 надминаа 40.000 нови случаи на ден.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Во Америка се појави нова варијанта на омикрон, Германците предупредија за брзото ширење на вирусот

А1он