А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кумуцакос: Нова демократија, како влада, ќе преговара за нов договор

by А1он10/12/2018 - 10:40280
Share0

Ако Договорот од Преспа не дојде во грчкиот Парламент од оваа Влада, тогаш отвора пат за нови преговори, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во интервјуто за грчкиот весник „Реал њуз“, Кумуцакос потенцира дека претседателот на партијата, Мицотакис има кристално јасна позиција – Нова демократија нема да гласа за договорот, „ниту сега, ниту подоцна, ако Ципрас не го донесе во сегашниот парламент“.

-Ова, за нашата влада отвора само еден пат: нови преговори. За решение заемно прифатливо и цврсто. Што целосно ќе му служи на националниот интерес. Договор ослободен од секаков елемент што го одржува и храни историски неточниот иредентизам на Скопје и опасниот национализам на различни екстремни кругови. Добро знаеме дека таквите преговори ќе бидат исклучително тешки. Ќе се водат во неповолна меѓународна средина и ќе бидат оптоварени од претходното од Договорот од Преспа. Од она што не само што беше разговарано, туку и договорено од владата во заминување на СИРИЗА и Независни Грци, вели Кумуцакос и додава дека оваа тешкотија не ги плаши бидејќи нивен компас е националната должност и националниот интерес.

Во однос на изјавите на премиерот Заев што предизвикаа реакции во Грција, одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, вели дека во договорот јасно пишува дека официјален јазик на втората страна ќе биде македонскиот јазик.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Под притисок на опозицијата во Скопје, господинот Заев ги кажа гласно оние работи за кои длабоко верува. Оние работи што писмено и јасно се споменати во Договорот од Преспа во член 1.3 „официјален јазик на втората страна ќе биде македонскиот јазик“. Односно во меѓудржавен договор, Грција се обврза да го прифати постоењето на македонски јазик и националност. За ова се договорија господата Ципрас, Коѕијас и Каменос. Не се поставува прашање на толкување. За да ги парафразирам зборовите на премиерот, Заев едноставно “живее” во текстот на Договорот од Преспа, вели Кумуцакос во интервјуто за грчкиот весник.

dogovor od prespagrcijaimetokumucakos

Би можело да ве интересира

Во Грција запленети над 2 тона небезбедни млечни производи од Бугарија – превезувани без ладилник

А1он13/07/2026 - 09:29

Во сообраќајка загина 15 годишно девојче во Грција – камион за ѓубре удри во моторот на кој се возеше

А1он10/07/2026 - 19:5910/07/2026 - 19:29

Малолетник од Англија загина во Грција – падна од хотелски балкон

А1он03/07/2026 - 20:10

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите

Катерина Ѓуровски27/06/2026 - 12:3727/06/2026 - 12:38

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ22/06/2026 - 15:5622/06/2026 - 15:57

Убиство што ја потресе Грција: Македонец призна дека ја уби исчезнатата 45-годишна жена

Горан Наумовски21/06/2026 - 11:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто