Кумановското обвинителство ќе истражува дали Заев поткупувал гласачи

Од:

Предметот за наводниот обид за поткуп на гласачи пред референдумот од страна на премиерот Зоран Заев е во рацете на кумановското обвинителство. Како што информираше јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, три пријави биле поднесени до скопското обвинителство, а потоа се препратени до Обвинителството во Куманово и по нив се постапува за проверка на наводите од кривичната пријава.

„Станува збор за споени три кривични пријави од две политички партии и од едно здружение, а се против премиерот Зоран Заев за говор одржан пред референдумот. Пријавите се поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Глас на Македонија и од Светскиот македонски конгрес”, вели Бајрами.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев дека отворено на митинг повикал бизнисмените со пари да ги мотивирале вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа.

Владејачката партија СДСМ реагираше на обвинувањата, тврдејќи дека Заев како премиер е посветен на градењето социјална држава и поради тоа се грижи за стандардот на работниците.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра