Кумановски сообраќајци побарале и зеле рушвет за да не пишат казна, возачот ги пријавил

Од:

Двајца млади кумановски полицајци се суспендирани од работните места, а против нив е поднесена кривична пријава, откако побарале и зеле мито во материјални добра од возач кој направил сообрааќаен прекршок, а тој по ова ги пријавил, информира МВР.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.

Полициските службеници за да не извршат службено дејствие кое морале да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач кој сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, кои што по пријавувањето на случајот се пронајдени кај полициските службеници и вратени на сопственикот.

Против полициските службеници до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава и тие се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност,“ се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Само дисциплински за полицајците од Тетово, осомничени за три кривични дела

Сопственик на компанија му понудил поткуп на полицаец, па завршил во станица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Вооружена жена се забарикадира во болница

Горан Наумовски

ВИДЕО: Полицајци тепале обезбедување на казино

Орце Костов

Малолетник од Крива Паланка нападнал полицајци

Горан Наумовски