Кумановски Голф падна во Вардар, се трага по патниците

Од:

Автомобил со кумановски регистарски таблички кој се движел на патот од селото Желино кон Тетово паднал во реката Вардар. Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, по што пропаднало во јаз и не се гледало информираат од Центарот за управување со кризи.

– Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес. Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага се вели во соопштението од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кумановско Черкези

Катерина Ѓуровски

Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено