Кумановската полиција со ноќен радар санкционираше 22 возила за четири часа

Од:

Кумановската полиција за четири часа санкционираше 22 за возачи за брзо возење, информираше денеска СВР Куманово.

Посочуваат дека во текот на вчерашната вечер во периодот од 18:00 до 22:00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 22 возачи.

– Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, наведуват од полицијата.

Најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози