Кумановската болница доби апарат за рана дијагностика на оштетување на слухот кај новороденчиња

Од:

Нов апарат за рана дијагностика на оштетување на слухот кај новороденчиња доби денеска Oпштата болница во Куманово. Станува збор за донација на ЕВН Македонија и „Проект хоуп“ од Германија.

Ова е прв апарат за болницата во која на годишно ниво има околу 1.300 новороденчиња. Досега родителите ги носеа децата на преглед во клиниките во Скопје.

По повод донацијата, министерот за здравство, Венко Филипче ја посети болницата по што изјави дека ваков апарат досега немало во таа јавна здравствена установа, ниту во целиот североисточен регион.

„Станува збор за апарат со кој се прави анализа кај новороденчињата. Тоа е метода која се изведува и прави во сите развиени земји, помага да се детектираат проблемите со слухот, непосредно после раѓањето, а тоа значи рана детекција и рана интервенција, со што се надминуваат и други компликации во развојот на бебињата, односно децата, заради проблеми со слухот кои не се детктираат навремено“, рече Филипче.

Тој се заблагодари на компанијата и претставниците на „Проект хоуп“. Потсети дека ова не е прва донација од таа компанија, напоменувајќи дека е потпишан договор за донација за реконструкција на една операциона сала во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. „Проект хоуп“, додаде Филипче, континуирано го поддржуваат здравствениот систем посебно преку проектот ПериМак за подобрување на капацитетите на родилиштата во Скопје, во Куманово и Тетово.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер изјави дека таква апаратура и недостасувала на кумановската болницата, но и многу други апарати

„Затоа постојат останатите претставници од бизнис секторот, кои можат да го следат примерот и да помогнат во вакви цели“, рече Петер.

Јан Ван Ден Берг од „Проект хоуп“ истакна дека трета година го спроведуваат Пери Мак проектот, чија цел е намалување натална смртност во болниците.

„Во иднина предвидуваме разновидна опрема за оваа болница и за Тетово“, рече Берг. Потсети дека веќе е почнатно со проекти на интензивна нега во клиниката во Скопје и во Чаир и сега се продолжува во болница од секунардното здравство. Тој истакна дека е многу значајно не само што се помага на пациентите туку и на здравствениот систем.

Директорката на болницата, Снежана Захариева изрази благодарност за донацијата и истакна дека апаратот е неопходен во болницата која е единствено родилиште во североисточниот регион.

Таа рече дека има потреба од повеќе апарати во болницата. На одделението, посочи, има потреба од апарати и опрема, која веќе е дотрајана. Најави дека дел од опремата ќе ја купат со сопствени средства, а дел очекува да биде набавен со донации.

Вработените во болницата веднаш ќе се едуцираат за да може да отпочне примената на апаратот.

Би можело да ве интересира

Обвинителството: Уапсените затворски полицајци пуштиле осуден за убиство да побегне додека се лекувал во болница

Орце Костов

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Во битолската болница се степале лекарки, двете психијатарки

Катерина Ѓуровски

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Почина еден од ранетите во пукањето пред болницата во Тетово

А1он