СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.А. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ и „прикажување на порнографски материјал на малолетник“.
Таткото З.А. (44) од Куманово веќе неколку години (2010, 2011, 2012 година) во повеќе наврат си ја силувал сопствената малолетна ќерка.
Последен пат монструозното дело го извршил во јуни годинава, во сопствената куќа првин, покажувајќи му порнографски материјал снимен на персонален компјутер на девојчето, а потоа ја обљубил заканувајќи и се да не кажува на никого затоа што ќе ја убие.