СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Е.(57) и неговиот син З.Е.(29), двајцата од Куманово за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 08.11.2012 година, околу 10,30 часот, во Куманово пријавените отишле во куќата на Г.К.(65) и И.К.(70), со цел да се договорат за склучување на брак помеѓу З.Е. и нивната ќерка С.К.(28), по што настанала вербална расправија и физичка пресметка помеѓу истите, во која пријавените со удари со тупаници им нанеле тешки телесни повреди на Г.К. и И.К. во пределот на главата.