Куманово позајми пајак возило од Скопје

Од:

Општина Куманово продолжува со проектот „Нулта толеранција“ за узрупација на јавно прометните површини. Општината позајми уште едно пајак возило од град Скопје, по што проектот ќе се интензивира по Велигден.

Ова е договорено на редовниот работен состанок на градоначалникот Максим Димитриевски и претставниците од СВР, ЈП „Куманово Паркинг“, противпожарната единица. Проектот ќе се спроведува се додека не се изградат катните гаражи во Куманово.

Димитриевски, потенцира дека претходно општината распишала постапка за која не се пријавиле заинтересирани понудувачи.

– Сега ќе ја повториме постапката, ќе работиме проектна документација и верувам дека ќе се јават поголем број изведувачи. Ние не можеме како општина да чекаме да ги изградиме катни гаражи и на некој начин да го толерираме несовесното однесување на учесниците во сообраќајот и несовесните возачи, изјави Димитриевски.

Надлежните институции во соработка со невладините организации, првин превентивно ќе делуваат со заедничка акција на која ќе им се укаже на несовесните возачи дека не треба да се паркираат на тротоарите и да го попречуваат движењето на учениците, лицата со попреченост и другите категории граѓани. По превентивната акција ќе се делува координирано со МВР.

– Овде апелирам до граѓаните да имаат разбирање и апелирам до сите кои се однесуваат несовесно да престанат да го прават тоа, бидејќи Општина Куманово по празниците ќе има нулта толеранција низ сите делови на градот, изјави Димитриевски.

Приоритет ќе биде централното градско подрачје, булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“,и улиците „Народна револуција“, „Гоце Делчев“ и „11 Октомври“.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче