Куманово: Неколку илјади граѓани на протест за правда за малиот Алмир

Од:

Под мотото „За правда“ во Куманово имаше протестен марш во чест на четиригодишниот Алмир Алиу, кој почина откако беше намерно прегазен со автомобил.

Протестот што го организира граѓанската организација „Зери“ започна во 15 часот пред Гиманзијата „Сами Фрашери“, па низ центарот на Куманово продолжи кон Судот.

Семејството на Алмир претходно апелираше случајот да не се политизира и да не му се дава етнички предзнак.

– Нема потреба од протести. Тоа што требало да се случи, се случи. Ние немаме работа со лицето што го згази Алмир, со него сега си има работа државата. Му оставаме на судот, судот да ја одлучи правдата. Нашата порака е да се сочува спокојството, почитта и мирот. Ние не сакаме ова да се претвора на национална основа и не сакаме да се одмаздиме. Единствено нешто што сакаме е правдата да излезе во јавноста и криминалецот кој го извршил ова дело да се казни, велат роднините на малиот Алмир.

Четиригодишиот Алмир Алиу почина во петокот на клиниката во Скопје, поради нанесените повреди од намерен удар со автомобил од страна на осомничениот Б.И. Основниот суд во Куманово на осомничениот му одреди 30-дневен притвор.

Би можело да ве интересира

Виновникот за смртта на малиот Алмир мора веднаш во затвор, нема одлагање на казната

Жарко Настоски

Протест за случајот Алмир пред кумановскиот Основен суд

Бобан Илиќ во притвор по барање на обвинителството

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Алиспагиќ: Шест години не се доволно за монструозен убиец како Илиќ, ќе поднесеме жалба на пресудата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест години затворска казна за Бобан Илиќ кој го усмрти Алмир

Виктор Јованов

Кумановскиот суд денеска ќе изрече пресуда за смртта на Алмир

Ана Ололовска