Куманово: Ѓорѓиевски ги посети жителите на с. Табановце

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски вчера попладне се сретна со жителите на с. Табановце.

Ѓорѓиевски на средбата вети дека во Табановце ќе се изгради канализациона мрежа, која е од особено значење за подобрување на квалитетот на животот во оваа област.

-Во наредните четири години ќе се потрудиме да ги обезбедиме сите услови за убав живот на младата популација, во оваа рурална средина. Во Куманово е планирана изградба на развојно-технолошка индустриска зона која ќе има поддршката од локалната власт и Владата и ќе овозможи намалување на стапката на невработеност -изјави Ѓорѓиевски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?