Куманово: ДУИ ја претстави изборната програма

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово, од ДУИ, Ариф Љатифи на синоќешниот митинг, кој се одржа во Центарот за култура на присутните граѓани им вети изградба на нови училишта, канализациона мрежа, патна инфраструктура, детски градинки и установа за лица со посебни потреби.

-Користејќи ги општинските ингеренции ќе инвестираме во земјоделството, бидејќи голем дел од населението се занимаваат со тоа и ќе создадеме услови за пласман на производите надвор од Македонија. Треба да се изврши анализа, колку Алабанци се затстапени во општинската администрациј, согласно Рамковниот договор. Нашиот слоган е „Заедно градиме“, оваа е платформа која нуди проекти од економијата и инфраструктурата – изјави Љатифи.

На митингот присуствуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој ги повика Албанците да излезат на гласањето и да ги поддржат нивните кандидати за советници, бидејќи без нив не може да се спроведуваат важни проекти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис