Куманово бара мерки за намалување на загадувањето

Од:

Граѓаните на Куманово бараат итна рекација од надлежните институции и преземање  мерки за намалување на загадувањето на воздухот, откако во последнава недела во неколку наврати мерната станица во Куманово регистрираше неколкукратно зголемување на честичките ПМ10 и ПМ2.5.

Раководителот на  надлежниот сектор за животна средина и просторно планирање во Куманово, Лидија Ланг Спасовска, денеска соопшти оти информацијата дека Куманово е еден од најзагадните градови во Македонија ја добиваат, како што потенцира, преку медиумите и нагласи дека ниту една институција до нив нема доставено известување дека градот е загаден повеќе од дозволеното.

Додава дека како сектор за заштита на животна средина веќе презеле одредени мерки.

– Се обративме до Министерството за животна средина да укажеме дека мерната станица не работи континуирано, така што се сомневаме во исправноста на податоците кои се доставени до јавноста. Од друга страна, секторот за инспекциски надзор заедно со регионалниот инспектор ги посетија сите субјекти кои што се од поголем капацитет и кои се реални загадувачи на животна средина, на кои им се доставени укажувања и решенија да вградат филтри и распрскувачи во објектите со што би се намалила загаденоста. Доколку не постапат по тие укажаувања ќе се преземат законски мерки, изјави Ланг Спасовска.

Таа објасни дека во рамките на годишната програма се преземаат мерки за пошумување на одредени локации, како и воведување на гасификација, која како што рече не се спроведува со предвидената динамика.

– Сепак, значајно е и граѓаните да се однесуваат совесно во вакви ситуации да користат градски превоз наместо автомобили. Доколку дојде до поголемо загадување ќе реагираме како сектор, ќе излеземе пред советот на општината со програма за начин на користење на јавен превоз, начин како во централното градско подрачје ќе се користат возилата, изјави Ланг Спасовска.

Нагласи дека не се исклучува и можноста да се поднесе иницијатива за забрана за сообраќај во неколку улици во централното градско подрачје, согласно законските можности.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза