Кумановка оставила бебе кај брачен пар од Арачиново, кога сакала да си го земе детето не и го давале

Од:

Вчера во 19.30 часот во СВР Куманово, М.М.(41) од Куманово пријавила дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од Арачиново, не ѝ го давале нејзиното новороденче.

Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи.

Како што е пријавено, таа се породила на 18.2.2025, а на 20.2.2025 излегла од болница и била пречекана од А.М. и А.М., кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив.

Исто така, според пријавеното, на 21.02.2025 таа го оставила бебето во нивниот дом и А..М.(39) и дал пари, а кога побарала на 23.2.2025 да си го земе бебето, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив.

На 24.2.2025 околу 1.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода сопружниците. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Две момчиња се осомничени за обид за убиство на познаник од Арачиново

Изгоре „голф“ во Арачиново, нема повредени

Девојче е првото бебе во Куманово

ВИДЕО: МВР објави детали за акцијата во Арачиново, пронајден арсенал оружје

Катерина Ѓуровски

Пронајдено автоматско оружје во Арачиново, продолжува акцијата на полицијата

„Зедовме дома погрешно бебе, а дознавме пет години подоцна“

А1он