Кумановец прободен со нож по расправија пред кафуле

Од:

Едно лице е повредено синоќа со нож по расправија пред кафуле во Куманово. 

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 21 часот пред кафе бар „Ретро кафе“, на ул.„3-та М.У.Бригада“, по расправија помеѓу лицата А.М.(1986) и Ш.И.(1975) од Куманово. Ш.И. физички го нападнал А.М. и со нож му нанел убодна рана во пределот на вратот, а потоа го напуштил самото местото.

А.М. е пренесен во Медицинскиот центар-Куманово каде му е констатирана телесна повреда и е задржан на лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска