Жител на кумановското село Љубодраг завчера се расправал со неговата мајка, по што ја заклучил во нивниот дом и ѝ се заканувал да не вика полиција, соопшти МВР.
СВР Куманово соопшти дека е поднесена кривична пријава против Н.А.(23) од Љубодраг поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
„На 03.11.2020 во семејната куќа во с.Љубодраг, пријавениот, по вербална расправија, ја заклучил неговата мајка Н.А.(44) во нивниот дом, заканувајќи се да не повика полиција. Со помош на соседи таа повикала полиција, а откако
Н.А. ги забележал полициските службеници, се обидел со остар предмет да ги повреди, по што самиот си нанел повреди,“ се вели во полициското соопштение.
По укажаната помош во кумановската Болница пријавениот, на 04.11.2020 бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање, додаваат од МВР.