СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Од:

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што со месеци зборува СДСМ. Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста, реагираа од СДСМ по одлуката на Обвинителството да бара замена на притворот со домашен притвор за Груби.

Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот.

Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор.

Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?

Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му де одредува куќен притвор.

На кого уште не му е јасно ова сценарио?

Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице