Куцуловски: Бев приведен поради истакнување палестинско знаме, Панче Тошковски се обидува да манипулира

Од:

„Во своето денешно излагање по повод Интерпелацијата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изнесе невистини со цел да избегне одговорност и да ја доведе јавноста во заблуда, тврдејќи дека сум бил приведен затоа што сум извикувал „убијци“ кон учесниците на ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Израел.

Ова тврдење е целосно неточно и директно е демантирано од официјалното соопштение на самото Министерство за внатрешни работи, објавено по настанот. Во него јасно стои дека сум бил приведен откако сум „истакнал знаме од Палестина“, по што против мене бил констатиран прекршок.

Реалноста е дека за време на натпреварот мирно го истакнав палестинското знаме, без какво било насилно однесување и без какво било скандирање. Набргу потоа бев опколен од полициски службеници и изведен од салата во лисици.

Изречениот прекршок се однесуваше токму на истиот настан и истата причина – истакнувањето на палестинското знаме, а не на наводни повици или скандирања кои денес министерот се обидува да ги вметне во приказната.

Особено загрижува фактот што министерот за внатрешни работи денес пласира верзија на настаните која не се совпаѓа со официјалната верзија на неговото сопствено министерство.

Наместо да одговори зошто бев приведен поради истакнување палестинско знаме, Панче Тошковски денес се обидува да понуди нова верзија на настанот која е во директна спротивност со официјалното соопштение на МВР. Тоа претставува очигледен обид за манипулација и бегање од политичка одговорност.

Фактите се едноставни и документирани. Бев приведен поради истакнување палестинско знаме. Сѐ друго што денес го пласира Панче Тошковски претставува обид за прикривање на вистината.

Најопасно е што ваквото однесување не е закана само за политичките неистомисленици, туку и за секој граѓанин. Ако фактите можат да се менуваат за да се оправда постапката против еден политички противник, тогаш утре истото може да му се случи на секого што јавно ќе изрази став со кој власта не се согласува. Државните институции не смеат да бидат алатка за политички пресметки, туку гарант на правата и слободите на сите граѓани“, изјавува Андреј Куцуловски, раководител на Црвената младина, подмладок на Левица.

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Предраг Петровиќ

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ