Во просториите на општина Василево денеска успешно беше реализирана крводарителска акција. Собрани се дваесетина крвни единици, а во дарувањето крв учествуваа вработени во општина Василево, како и вработени во други општински институции.
– Крводарителските акции се хуман чин преку кој граѓаните доброволно даруваат крв со цел да помогнат во спасувањето нечиј живот, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој го поддржува ваквиот партнерски начин на организирање на крводарителските акции во кои општината помага просторно и организациски.
Задоволство од текот и резултат на акцијата искажа и претставничката од Црвениот Крст, Заге Каменчева. Таа изрази посебна благодарност до градоначалникот и општината за успешната организација на денешната акција.
– Оваа соработка со општината не ни е прва и продолжува и понатаму како на различни проекти, така и кога станува збор за крводарителски акции. Затоа упатувам голема благодарност до градоначалникот што ни овозможи да ја спроведеме акцијата овде и до сите хумани граѓани и вработени во општината кои ја искажаа својата хуманост преку дарување на крв, рече Заге Каменчева од Организацијата на Црвен Крст во Струмица.