А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Крводарителска акција во Кавадарци, собрани 46 единици крв

by А1он31/03/2020 - 15:48439
Share0

Крводарителска акција беше спроведена денеска во големата сала на општинската зграда во Кавадарци, собрани се 46 единици крв. Организацијата беше на кавадаречкиот Црвен крст, а реализацијата на Институтот за трансфузиона медицина -Скопје.

Добивај вести на вибер

– Поради зголемени потреби од крвни единици на државно ниво, ги повикавме сите крводарители кои се чуствуваат здраво, да даруваат крв и да ја покажат и овој пат својата хуманост и солидарност. Кавадарци секогаш било на висина на задачата, за МИА изјави Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци.

Денешната крводарителска акција тој ја оцени повеќе од успешна, со оглед на вонредната состојба во државата.

– Годишниот план на Црвениот крст Кавадарци за крводарителство за двете општини, кавадаречката и росоманската, изнесува 1.184 крвни единици. За првите три месеци досега се собрани 581 единица, што значи дека во првото тромесечие остваруваме половина од годишниот план, нагласи тој.

Каракулев упати благодарност до градоначалникот Митко Јанчев и локалната самоуправа Кавадарци што ја отстапија големата сала на општината и овозможија да се реализира оваа крводарителска акција и благодарност до сите крводарители од двете општини кои денеска даруваа крв и ја покажаа својата хуманост и солидарност.

-Имавме експлозија на хуманоста денеска во Кавадарци, во услови на вонредна состојба поради корона вирусот. Продолжен беше и предвидениот термин за дарување, за да можат крв да дадат сите хуманисти, додаде Каракулев.

kavadarcikrvodaritelska akcija

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он14/02/2026 - 09:49

Момче почина во кавадаречко Возарци

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:30

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:2426/01/2026 - 08:30

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 11:21

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 12:13

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Горан Наумовски30/12/2025 - 16:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен