Крводарителска акција на АРМ

Од:

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, денеска ќе присуствуваат на доброволна крводарителска акција на припадници на АРМ.

Во рамки на акцијата министарката Шекеринска, началникот на ГШ, генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Македонија, Саит Саити и директорот на Институтот за трансфузиска медицина, Емилија Велкова ќе врачат благодарници и признанија на припадници на АРМ кои се доброволни дарители на крв повеќе од 25 и 50 пати.

Од почетокот на оваа година АРМ во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиска медицина, досега спроведе 18 крводарителски акции на кои се собрани 768 крвни единици од припадници на АРМ.

Акцијата е дел од планираните активности за одбележување на 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време