Крводарителска акција и донација за одбележувањето на нападите на 11 септември во САД

Од:

Црвениот крст на град Скопје и Американската амбасада во Скопје денеска по петти пат организираа  крводарителска акција и акција за донирање храна со цел одбележување на трагичните напади што се случија на 11 септември 2001 година во САД и поттикнување на хуманоста и општествената одговорност.

Американскиот амбасадор Пол Волерс пред присутните, меѓу кои и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, евоцираше спомени од денот на нападите во Пентагон и чадот во Вашингтон, но рече дека и покрај неубавите спомени овој ден секогаш ќе биде посветен на хуманитарните акции и волонтеризмот.

– Наместо само да жалиме, овој ден избравме да погледнеме кон иднината и затоа решивме да биде ден на волонтеризмот, на служба на заедницата, изјави Волерс.

Како пример за волонтеризам посочи на стотината Американци кои како волонтери доаѓаат во Македонија и им помагаат на луѓето.

Оваа акција, според него, е добар начин да се помогне преку дарувањето крв и собирање храна за оние семејства на кои тоа ќе им треба во зимскиот период што следува.

Поддршката што ја имаме од македонските граѓани насекаде е навистина инспиративна. Таа е вистински доказ за успехот што го имаме постигнато со нашата работа на политички, религиски и на етнички план. Успех е тоа што луѓето доаѓаат заедно, да гледаат подалеку од себе и да се фокусираат на други луѓе, изјави Волерс.

Ги охрабри луѓето да погледнат околу себе и да им помогнат на оние што имаат потреба од тоа.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саити ја оцени како одлична соработката со Американската амбасада во Скопје.

– Одбележувајќи го овој настан не може да не се осврнеме на 150-годишнината на Црвениот крст и црвената полумесечина во светот. Меѓународното движење денес е најголемото хуманитарно движење во светот, изјави Саити.

Акцијата се одвива од 8 до 16 часот во зградата на Американската амбасада, поради обилниот дожд што паѓаше денеска во Скопје.

Се очекува во текот на денот да бидат собрани 100 крвни единици, што е просек во изминатите четири години и исто така на одредена количина храна, по што ќе се изработат пакети за зимата што ќе завршат до ранливи категории граѓани во руралните средини во земјата и во Скопје.

Меѓу оние кои даруваа крв беа амбасадорот Волерс, пратеници од Собранието на Република Македонија, војници на АРМ, МВР, средношколци од американските училишта во Скопје и Тетово, студенти, граѓани кои сакаат да бидат дел од оваа акција, тим од Црвениот крст и други.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас