Во Полициско одделение – Групчин вчера во 19:15 часот Н.А. (46) пријавил дека во село Стримница, во кругот на фирмата „НУР Транс“, негова сопственост, со патничко возило „БМВ“ дошле Г.А.(22) и М.А.(42), почнале расправија со вработениот Ј.С. (36), по што Г.А. го повредил со нож во грб.
Ј.С. е пренесен во тетовската болница каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување.
Во 21 часот двајцата напаѓачи се приведени во полиција за расчистување на случајот.