Три лица од кумановско Лопате се повредени во тепачка која се случила ноќеска во Черкези.
Од непознати причини, 51-годишниот кумановчанец О.З. ноќеска околу 2:50 часот, извадил пишточ и почнал да им се заканува на трите момчиња М.В. (24), Б.К. (21) и 39 годишниот С.К., за потоа ситуацијата да излезе од контрола и О.З. да ги нападне со метални шипки.
О.З. е приведен во полициска станица, а повредените лица биле пренесени во кумановскиот Медицински центар.
Полицијата работи на расчистување на случајот.