Вчера во 11,20 часот во Скопје во КПУ-Идризово, А.К.(34), А.К.(35) двајцата од с.Кондово, Р.К.(24) и уште четири непознати машки лица, сите осуденици во КПУ-Идризово-Скопје, најпрвин физички го нападнале осуденикот З.Л.(28) од с.Грчец-скопско, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.
Во еден момент осуденикот А.К.(34), со нож му нанел неколку убоди на З.Л., нанесувајќи му тешка телесна повреда – две убодни рани, едната во пределот на лева надколеница, другата во пределот на левата страна на стомакот во долниот дел, како и со хематоми во предел на главата и телото.
На повредениот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.